Стефковски за најновите бугарски провокации: Ваквите ставови по кој член од договорот за “добрососедство” кој го потпиша Заев се дозволени?

Градоначалникот на гази Баба Бобан Стефковски се огласи по повод најновите провокации од соседна Бугарија

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“ која е трета политичка сила во земјата, Костадин Костадинов ја повика владата во Софија да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија. 

- Македонија постоела и ќе постои! Низ историјата не постоела голема Бугарија, туку постоела ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА! Визиите на “прогресивните” бугарски политичари за спојување на Македонија кон Бугарија ќе останаат само сон! - порача во својата фејсбук објава Стефковски. 

- Европската унија сериозно треба да реагира на ваквите ставови на политичар од земја членка на унијата од кои произлегуваат територијални претензии кон друга соседна земја, бидејќи тоа не се европски вредности! пс: Ваквите бугарски ставови по кој член од договорот за “добрососедство” кој го потпиша Зоран Заев со Бугарија се дозволени?! - праша Стефковски.