Стефковски во посета на црквата „Св. 40 маченици“ на Смилковско езеро

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово на покана на Црковниот одбор беше во посета на Црквата Св. „40 Маченици“, која се гради на Смилковското езеро.

- Оваа Црква, е започната да се гради на иницијатива на граѓаните во 2013 година, а во траен спомен на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стефковски, кои беа убиени на 13 април 2012 година, на Велики четврток, информира Стефковски.