Стефковски вети субвенции за пелети за жителите на Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вети субвенции за пелети за жителите на општината.

„Во мојот втор мандат како градоначалник на општина Гази Баба, продолжуваме со конкретни мерки за подобар живот! Ние ветуваме и исполнуваме – нема празни зборови! Изминатите 4 години се години на дела“, истакна Стефковски во објавата на Фејсбук.

Тој посочи дека со оваа поддршка: ги помагаат семејствата при набавка на пелети, поттикнуваат почиста и поефикасна енергија и градат позелена и потопла Гази Баба.