Стефковски: Со капитални инвестиции во образованието и спортот создаваме современи услови за секое дете

Со капитални инвестиции во образованието и спортот создаваме современи услови за секое дете, затоа што вложувањето во младите е најголемата инвестиција во иднината на Македонија, истакна денеска градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Во Ченто никнува новото училиште ООУ „Крсте Мисирков“, современ образовен објект кој ќе им овозможи на учениците квалитетна и достоинствена настава. Во Железара се гради нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев“, простор каде ќе се создаваат нови спортски успеси, здрави навики и победнички дух. Во Црешево се гради нова спортска сала во ООУ „Наум Охридски“, уште едно исполнето ветување и уште една значајна инвестиција за нашите деца“, посочи Стефковски.

Воедно додаде дека ќе продолжат да градат, да вложуваат и да создаваат подобри услови за секое семејство во Гази Баба.