Стефковски со хуман потег - Обезбеди прибор, храна и дрва за едно семејство во ризик

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше во хуманитарна посета на семејство во населба Ченто. Посетата доаѓа по вчерашната објавена сторија на социјалните мрежи за тешката состојба во која се наоѓа семејството.

-По вчерашната објава на социјалните мрежи за сторијата на семејството на Дијана од Ченто, утрово го посетив нивниот дом. За трите дечиња на Дијана кои се ученици обезбедив ранци и целосен училишен прибор како и намирници за храна, а во следните денови ќе им бидат доставени и дрва за греење. На семејството на Дијана им порачав дека од мене и од општината ќе ја имаат поддршката со цел да успеат да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат во моментот. Среќен сум што трите мали дечиња не испратија со топла детска насмевка! - напиша Стефковски