Стефковски: Седум проекти за Скопски плански регион

Вчера попладне се одржа редовна седница на Советот за рамномерен регионален развој. 

Член како претседател на Скопски плански регион е и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој објави дека на седницата се разговарало за доделување средства за финансирање проекти за развој на планските региони, за 2022 и 2023 година. 

-Скопскиот плански регион е застапен со седум проекти кои ќе се финансираат преку овие програми за развој од кои четири проекти во следната година. Рамномерниот регионален развој е важен за секоја општина во Република Македонија - потенцираше Стефковски.