Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски инфомираше дека го потпишал новиот колективен договор со кој се овозможува покачување на платите на вработените за 3000 денари во општинската администрација и сезонските работицни ангажирани во ЈКП Гази Баба.
„Покачувањето на платите за сезонските работници во ЈКП Гази Баба е четврто во мојот мандат. По ваквите одлуки очекувам уште поголема мотивираност кај колегите во насока на реализација на нови проекти и соодветна грижа за хигиената на јавните површини. Целта на нашето постоење во рамки на општината е да им служиме на граѓаните и тоа не смееме никогаш да го заборавиме“, напиша Стефковски.