Стефковски: Пуштено во употреба новото спортско игралиште во Страчинци

Новото спортско игралиште на подлога од вештачка трева во Страчинци е пуштено во употреба. 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово го посети подрачното училиште на ООУ Кирил и Методиј во населеното место Страчинци, каде што официјално беше пуштено во употреба новото игралиште на подлога од вештачка трева изградено во дворот на училиштето. Стефковски објави фотографии на својата официјална Фејсбук страница.

-Игралишето го отворивме со активност организирана во рамки на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието каде ученици од различни етнички заедници изведуваа штафетни вештини. Им благодарам на наставниците по физичко и здравствено образование од централното и подрачното училиште на ООУ Кирил и Методиј за одличната организација на активноста која ја организираме согласно заклучоците на Советот за превенција. Изминатиот период се инвестираше и во училишниот двор каде што се изгради плочник од павер елементи, беше поставена урбана опрема и целосно се изгради потпорниот ѕид. Реализацијата на проекти продолжува насекаде низ општина Гази Баба. - истакна Стефковски.