Стефковски прогласи победа во Гази Баба: Јавно ветувам дека дадената доверба нема да ја изневерам

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски прогласи победа во првиот изборен круг!

-ВМРО-ДПМНЕ убедливо го победи СДСМ во Гази Баба! Им благодарам на граѓаните на Општина Гази Баба за дадената доверба и јавно ветувам, дека дадената доверба никогаш нема да ја изневерам. Во најскоро време, започнувам со макотрпна работа за реализација на проектите кои ги ветив пред граѓаните, порача тој на својот фејсбук профил.

-Гази Баба ќе биде модерна, инфраструктурно развиена и зелена општина, за ова го имате мојот збор! - истакна Стефковски.