
По повод Денот на македонската Армија градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски упати честитки за институцијата која, како што рече, е симбол на суверенитетот, стабилноста и достоинството на државата.
- Таа е штитот што го брани мирот, иднината и честа на народот. Во секоја униформа се ивезени стотици години борба, страдање, надеж и решителност. Во секој поглед на македонскиот војник, се гледа љубовта кон земјата и храброста што нема цена, порача Стефковски.
- Се поклонувам пред секој војник кој со гордост ја носи униформата на Македонија. Во нивната решеност, стои волјата да се брани татковината дури и со сопствениот живот. Тоа е врвниот чин на пожртвуваност, за кој зборови понекогаш не се доволни. Се сеќаваме со тага, но и со бескрајна почит, на сите паднати херои. Нивната жртва е темелот врз кој ја градиме нашата слобода. Пред нивното дело, стоиме со наведната глава како почит на нивната жртва, но со исправена кичма, тивко и достоинствено, додава Стефковски во честитката.