Стефковски: Отворивме нова сензорна соба, единствена во Македонија од ваков тип

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја отвори новата сензорна соба во ООУ „Наум Наумовски Борче“ во Маџари.

- Отворена сензорна соба во ООУ „Наум Наумовски Борче“. Со гордост можам да кажам дека сензорната соба од ваков тип е единствена од сите училишта во Македонија која е креирана по сите стандарди и преставува осмислена целина која содржи три различни простори потребни за инклузивно образование и тоа: простор за сензорна интеграција, сетилна соба и простор за изолација.

Во рамки на сензорната соба е изграден и тоалет прилагоден за лица со посебни потреби. Нашите заложби за инклузија на децата со посебни образовни потреби ги докажуваме преку реализација на проекти. Еднакви образовни можности за сите деца е нашата крајна цел, напиша Стефковски.