
Општина Гази Баба обезбеди прочистувачи на воздух за сите детски градинки на својата територија, со цел подобрување на условите за престој на децата.
Градоначалникот Бобан Стефковски посочува дека здравјето и безбедноста на најмладите се меѓу приоритетите на општината.
- Здравјето и безбедноста на нашите најмлади се наш апсолутен приоритет. Децата поминуваат голем дел од денот во градинките, а наша обврска е да им обезбедиме чиста, здрава и безбедна средина во која ќе растат, учат и се развиваат, порача тој.
Од Општината велат дека со поставувањето на прочистувачите се создава поздрава и побезбедна средина за децата, кои голем дел од денот го поминуваат во градинките.
Инвестициите, како што наведуваат, продолжуваат и во подобрување на условите и капацитетите на предучилишните установи.