Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски најави дека за неколку денови започнува целосна реконструкција на Домот на културата во Ченто.
- После неколку децении жителите на Ченто и граѓаните на општина Гази Баба ќе добијат место кое ќе претставува центар на културата во нашата општина. И овој проект е дел од мојата изборна програма, а ние ветените проекти ги реализираме! - порача Стефковски кој сподели и видео на кое се гледа во каква состојба е сегашниот објект.