Стефковски на терен во Трубарево: Нема да дозволам никој да ги малтретира граѓаните

По сторијата на утринската програма на „Сител“, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со инспекциските служби утрово излезе на терен во Трубарево.

-Инспекциските служби во континуитет согласно своите Законски надлежности делуваат на терен и ги санкционираат лицата кои вршат напасување на овци на јавни површини.

Дополнително општината ќе побара и од државните институции да ги исполнат своите законски надлежности и заедно да ставиме крај на луѓето кои си дозволуваат да ги малтретираат жителите на Трубарево. Времето на локалните моќници во Гази Баба е завршен. Нема да дозволам никој да ги малтретира граѓаните, објави Стефковски.