Стефковски на терен со Црвен крст во акција за заштита од топлото време

Денес, во општина Гази Баба започна акцијата за советување на граѓаните за заштита од топлотен удар.

Па затоа, градоначалникот Бобан Стефковски и волонтери од општинската организација на Црвениот крст Гази Баба. поделија негазирана, флаширана вода на граѓаните во Ченто и по неколку совети како да се заштитат себеси од високите температури.

Оваа акција е планирано да продолжи и во текот на наредните неколку дена, така што волонтерите на Црвениот крст ќе продолжат да делат флаширана негазирана вода на целата територија на општина Гази Баба.

„Апелирам до граѓаните доколку се во можност своите обврски да ги реализираат во претпадневните часови со цел да не се изложуваат на топлотниот бран“, напиша градоначалникот Стефковски на својот официјален фејсбук профил.