Стефковски на терен, интензивно се чистат главните улици и повисоките населени места од снег

Градоначалникот на Гази Баба на терен, каде интензивно се работи на чистење на снегот. 

„Од рано утрово излегов на терен заедно со кризниот штаб и екипите за зимско оддржување со цел чистење на главните улици кон повисоките населени места кои беа зафатени од поинтензивни врнежи од снег“, напиша тој на Фејсбук.

Отворен е мобилен пункт во Црешево и кризниот штаб ќе ја следи состојбата и ќе делува се додека е потребно.