Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи напиша дека знамето е симбол на Македонија и дека тоа е заеднички именител за сите оние кои живеат во Македонија без разлика на нивната етничка, верска или било каква припадност.
„Знамето е симбол на Македонија, нашата татковина која ни даде образование, работа, во која создадовме семејства - едноставно таа ни даде СЕ!
Македонското знаме е заеднички именител за сите оние кои живеат во Македонија, без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност!
Македонија живее и ќе продолжи да живее се додека го има и последниот македонец и се до тогаш македонско знаме ќе се вее!“, напиша Стефковски.