Стефковски: Кризниот штаб е на терен, врнежите од снег ги дочекавме подготвени

Градоначалникот на општина Газа Баба, Бобан Стефковски информираше дека утрово од 08:00 часот утрово е активен Кризниот штаб на општина Гази Баба кој има за цел справување со последиците од врнежите на снег кој од утрово го зафатија Скопје.

„Интензитетот на врнежите е поголем во планинскиот дел на општината и за таа цел повеќе од еден час економските оператори задолжени за расчистување на снегот се на терен каде што се чисти снегот и се фрла сол и ризла. Граѓаните можат да бидат спокојни. Кризниот штаб ќе биде активен и на терен се додека е потребно. Се грижиме граѓаните непречено да имаат можност да ги реализираат своите секојдневни обврски“, напиша Стефковски.

Градоначалникот посочи дека безбедноста на сообраќајот е врвен приоритет при вакви временски услови и нема да дозволи ниту едно населено место во општина Гази Баба да биде отсечено од сообраќајот.