Стефковски: Имаме комплетно нефункционални јавни претпријатија иако граѓаните плаќаат надомест секој месец

Скопје не смее повеќе да биде заложник на неспособноста на Данела Арсовска, порача градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски откако на оваа тема се огласи и градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски

-Оддржавме координација помеѓу градоначалниците на општините на која разговаравме за проблемите со кои се соочуваме, а се во директна надлежност на Градот Скопје. Имаме комплетно нефункционални јавни претпријатија кои не ги исполнуваат своите обврски кон скопјани и покрај тоа што граѓаните секој месец плаќаат утврден надоместок за тоа! Како градоначалници заклучивме да испратиме барање до Владата на Република Македонија за отпочнување на постапка за расформирање на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило и нивна распределба по општините во Градот Скопје, информираше Стефковски. 

- Скопје заслужува подобро, а Скопјани заслужуваат функционален град кој ќе биде наша радост и гордост, додава тој.