Стефковски и основците засадија дрвца за Светскиот ден на мирот

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со ученици од општинските основни училишта „Григор Прличев“ и „25 Мај“ кои се од различни етнички заедници, го одбележаа Светскиот ден на мирот, со засадување на садници во дворот на општината.

-На дечињата им порачав дека мирот го движи светот напред, а нашата етничка различност треба да преставува предизвик за другарување и градење на пријателство. Оваа активност е во рамки на акциониот план за активности кои го изготвивме согласно заклучоците од вчерашната седница на Советот за превенција. - истакна Стефковски на официјалната страница на Фејсбук.