Стефковски го претстави предлогот: Граѓаните сакаат зонско паркирање во Автокоманда

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вчера во Културниот дом Димитар Влахов во Автокоманда оддржа јавна презентација на Сообраќајната студија за режим на сообраќај во Автокоманда, како и на предлогот за воведување на Зонско паркирање.

Општина Гази Баба има спроведено теренска анкета со посета на сите домаќинства во Автокоманда на која мнозинството од домаќинствата даде поддршка на пакетот кој е понуден на граѓаните во Автокоманда за воведување на Зонско паркирање.

- Им благодарам на жителите на Автокоманда кои во голем број вечерва беа на средбата и ги истакнаа своите предлози, идеи и забелешки. Продолжуваме низ дијалог со граѓаните на Автокоманда да работиме на изнаоѓање на вистинското решение. По средбата вечерва можам да кажам дека сме на вистинскиот пат, напиша Стефковски.