Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска во просториите на општината ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди и електрични тротинети.
Стефковски посочи дека заштитата на животната средина останува на врвот на неговите приоритети.
-Денес ги доделивме решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди и електрични тротинети. Овие две мерки заедно со мерките за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците и за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата се нови мерки кои се реализираат во општина Гази Баба од минатата година.
Сите овие мерки но и многу други ги реализираме во насока на заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух и доаѓаат како реализација на мојата изборна програма со која побарав доверба од граѓаните. Општина Гази Баба реализира голем број на мерки и проекти преку кои се враќаат финансиски средства од буџетот на општината директно кај граѓаните, информира Стефковски.