Стефковски: Гази Баба се сеќава. Денес се навршуваат 6 години од поплавите

На денешен ден 6ти Август во 2016та година општина Гази Баба беше зафатена од голема поплава која нанесе материјални штети и однесе 22 човечки животи.

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук по повод годишнината од поплавите напиша:

„Денес навршуваат шест години од катастрофалната поплава која ја зафати општина Гази Баба. 22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш. Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе се. Кога навидум се беше разрушено се роди новата надеж. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината. Како градоначалник и денес изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата. Жртвите од поплавата како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од поплавата не смееме никогаш да ги заборавиме."