Стефковски: Гази Баба е горда на своите спортски таленти

Младиот Марко Филиповски кој освои прво место во карате на куп на Македонија, оствари средба со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. 

Градоначалникот на официјалната Фејсбук страница објави фотографии од средбата и истакна дека Марко е уште еден показател дека Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје. 

-Марко Филиповски е ученик во деветто одделение во општинското основно училиште Дане Крапчев и истиот има освоено прво место во категорија кадети на куп на Македонија. Со освоеното место Филиповски обезбеди пласман на светско првенство кое ќе се одржи во Турција во месец октомври и на балканско првенство кое ќе се оддржи во Црна Гора во месец ноемрви. Општина Гази Баба е горда на своите спортски таленти - напиша Стефковски.