Стефковски: Доста е со лагите на Левица, изградена е монтажната трибина на игралиштето во Јурумлери

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека монтажната трибина на игралиштето во Јурумлери е изградена и посочи дека политичката партија Левица се служи со лажни вести.

- На ден 23.09.2022 година во населеното место Јурумлери е изградена трибина на спортското игралиште со вештачка трева со што ветувањето дадено во изборната кампања го исполнив. Искрено жалам што политичката партија Левица и нивните Советници во Советот на општина Гази Баба воопшто ги немаат посетено населените места и со тоа имаат изгубено контакт со реалноста. Политиката не се води на социјалните мрежи, фејсбук „патриотите“ од Левица, време е да ја заменат тастатурата со одење на терен помеѓу граѓаните, напиша Стефковски на Фејсбук.