Стефковски: Дополнителни 500.000 денари финансиска поддршка за ФК Скопје

Советот на општина Гази Баба донесе Одлука со која се доделени 500.000 денари дополнителна финансиска поддршка за ФК Скопје кој потекнува од општина Гази Баба.

За донесената одлука, градоначалникот Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук.

-Дополнителни 500.000 денари финансиска поддршка за ФК Скопје! На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба на предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата донесе одлука за определување на 500.000 денари дополнителна финансиска поддршка за ФК Скопје. Фудбалскиот клуб Скопје преставува фудбалска гордост за општина Гази Баба и е наш преставник кој се натпреварува во првата фудбалска лига. Како градоначалник дадов поддршка на предложената одлука. И мојата и поддршката на општина Гази Баба, ФК Скопје ќе ја има и во иднина, напиша Стефковски.