Стефковски додели решенија за субвенционирање на граѓаните за набавка на печки на пелети

Градоначалникот на Општина Гази Баба синоќа ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на печки на пелети.

Тој истакна дека општината годинава двојно ги зголемила предвидените средства за субвенции за печки на пелети за граѓаните.

-Дополнително за прв пат оваа година доделивме субвенции за велосипеди, електрични тротинети, чистење на оџаци и за вградување на уреди за течен нафтен гас кај возилата. Сакам да ги повикам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат за добивање на субвенции за печки на пелети со оглед на тоа дека сеуште предвидениот буџет не е целосно исцрпен. - напиша Стефковски на Фејсбук.