Стефковски додели решенија за субвенции за инвертер клими

Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во просториите на општина Гази Баба ги додели решенијата за субвенции за инвертер клима уреди на 59 граѓани на општина Гази Баба.

За доделувањето, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

59 граѓани на општина Гази Баба ги примија решенија за доделени субвенции за купени инвертер клима уреди.
Со моето доаѓање во општината средствата предвидени за субвенционирање на граѓаните кои ќе купат инвертер клима уреди ги зголемив од 1.500.000 денари на 3.000.000 денари.
По спроведен јавен повик и постапка од комисија за реализација на јавниот повик денес ги доделивме решенијата на граѓаните.
Имајќи го предвид интересот на граѓаните верувам дека следната година ќе успееме да го зголемиме предвидениот буџет и субвенции да добијат што повеќе граѓани.
Покрај субвенционирање за инвертер клима уреди, општина Гази Баба за прв пат доделува субвенции за велосипеди, електрични тротинети, чистење на оџаци и вградување на уреди за течен нафтен гас на автомобили.