
Градоначалникот на Општина Гази Баба, синоќа, пред полноќ, сподели дека бил заедно со екипата од ЈКП Гази Баба која секој ден го поминува на терен – низ маалата, улиците, селата и секоја населба на нашата општина.
„Ова се луѓето што не ги гледате секогаш, но секогаш се тука, да помогнат, да уредат, да направат разлика. Започнавме акција за обележување на пешачките премини во Автокоманда, работа која значи безбедност, ред и почит кон секој наш граѓанин“, вели Стефковски во својата Фејсбук објава.
Тој посочи дека ги посетил за лично да им оддаде признание за сè што прават за општината.
„Секоја вечер се таму каде што треба, кога никој не ги гледа, но сите чувствуваат. Благодарен сум за нивната пожртвуваност, труд и чесност. Ова се вистинските херои на нашата заедница“, истакна Стефковски.