Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски доцна синоќа беше на терен низ Автокоманда каде се обележуваа пешачките премини низ улиците.
- Заедно со службите од ЈКП Гази Баба започнуваме со акција за обележување на пешачките премини на локалните улици низ општина Гази Баба со посебен акцент на премините кај училиштата и градинките. Сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација е важна за безбедноста на граѓаните и ние работиме на нејзиното оддржување во рамки на нашите надлежности, информираше тој.
- Граѓаните се учесници во сообраќајот и нивната безбедност е на прво место, додаде Стефковски упатувајќи благодарност кон вработените во ЈКП Гази Баба за нивната ангажираност и посветеност во работата.