Стефковски: 6.800 ученици и оваа учебна година добија бесплатни униформи, проектот ќе продолжи и во следните 4 години

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска сподели дека 6800 ученици и оваа учебна година добиле бесплатни училишни униформи.

„Овој проект започна да се реализира за прв пат во 2023 година, како ветување од мојата изборна програма за првиот мандат“, истакна Стефковски.

Тој вети дека со реализација на овој проект ќе продолжат и во следните четири години.