Празникот Богојавление-Водици беше одбележан и во скопските општини Карпош и Илинден.
Денеска на пладне, жителите од општините Карпош и Ѓорче Петров, на заедничка манифестација на ,,Железниот мост” во населбата Влае, го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Во духот на христијанската традиција, свештените лица од црквата „Свети Пантелејмон“ од Нерези и „Свети Петар и Павле“ од Ѓорче Петров, го положија крстот во реката Вардар, при што најголема среќа имаше Стефан Георгиевски од Новоселски пат, од општина Ѓорче Петров, кој прв дојде до оваа света реликвија.
По повод големиот христијански празник Богојавление (Водици) и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водитена езерото кај хотелот Белви светиот крст го положија свештениците на црквата Св. Константин и Елена.
Од пријавените 66 учесници најсреќен беше Јовица Јаневски кој со своето учество, голема желба и упорност, успеа да го фати светиот крст и видно возбуден и среќен го прослави чинот заедно со останатите верници кои учествуваа во скокањето. Тој на оваа манифестација учествува за прв пат.