Стефан Богоев ќе доделува пакетчиња на болните деца во Козле

Во пресрет на Нова година, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев ќе ги посети болните деца од Козле.

Утре градоначалникот на Општина Карпош, заедно со амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, ќе бидат во посета на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Ова ќе биде и пригоден повод на најмладите кои се лекуваат во оваа здравствена установа да им се доделат новогодишни пакетчиња.