Ставревски ќе ги мониторира градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот министер за финансии од владата на Никола Груевски, Зоран Ставрески, се врати во партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде дел од новоформираното работно тело кое ќе ја следи реализацијата на проектите на градоначалниците.

Во работното тело кое ќе биде раководено од партискиот лидер Христијан Мицкоски, ќе бидат и Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски.

„Во програмата ’Гарантираме‘ се опфатени точно 14.835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 детски градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела“, напиша ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.