Ставете ѝ точка на 2018 година и не се плашете да живеете со полни гради во 2019 година

Се надевам дека конечно ќе ги оставите работите кои ве мачат и ќе ја започнете следната година сосема одново. Се надевам дека ќе влезете во Новата година со самодоверба, спокој и љубовта која толку ја заслужувате.

Се надевам дека ќе си ги простите сите грешки кои ги направивте во 2018 и дека ќе бидете отворени за нови искуства во 2019 година. И најмногу се надевам дека нема да бидете премногу строги кон себеси.

Се надевам дека ќе бидете горди на себеси за сите битки кои ги добивте во 2018 година и дека ќе продолжите да го правите тоа и во годината која ни се приближува. Не сакам да се грижите за незавршените работи или врските кои не сте успеале да ги одржите. Нормално е понекогаш да губите, а понекогаш да победувате.

Се надевам дека во овој последен месец од 2018 година конечно ќе се ослободите од сите отровни луѓе во вашиот живот и дека ќе имате храброст да се откачите од нив. И се надевам дека ќе почнете да се фокусирате на сите прекрасни луѓе кои секогаш се тука за вас, особено во моментите кога најмногу ви требале.

Се надевам дека на крајот на 2018 година ќе ги прифатите работите кои сте ги направиле и дека нема да се замарате за ситници. Фокусирајте се на животот кој е пред вас и на луѓето кои ве сакаат. Прифатете ги промените затоа што токму тие ви се потребни во овој момент. Сѐ останато ќе си се развие по сопствен тек.

Се надевам дека во последниот месец од 2018 година конечно ќе престанете да се споредувате со другите и нивните успеси. Потсетете се дека сѐ што сте направиле сте го направиле со своите сопствени 10 прсти и дека треба да се гордеете за секоја победа. Не се нервирајте што не сте успеале да остварите сѐ. За тоа ја имате следната година.

Се надевам дека ќе научите како да се цените себеси. Се надевам дека научите дека понекогаш сѐ ќе оди како подмачкано, но понекогаш нема да имате премногу сончеви денови. Но, што и да се случи, вие само продолжете да одите во сопствениот пат и не ја менувајте сопствената насока и сопствениот пат.

Се надевам дека 2019 година ќе ви донесе сѐ што некогаш сте посакувале. Се надевам дека ќе бидете здрави, успешни, опкружени со добри луѓе и ќе имате внатрешен спокој.

Не мора да ги следите истите правила како во 2018 година. Се ближи сосема нова година, шанса за нов почеток. Ова е месец кога можете да си зацртате нови цели и да уживате во нивното остварување.

Не се плашете од новата година, не се плашете да прифатите промени и нови правила. Не се плашете да ги направите работите кои отсекогаш сте сакале да ги направите.

И најважно од сѐ – НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ!