Ставена во функција модуларната болница во Прилеп, започнува со работа и таа во Велес

Поради сегашната состојба со ковид-19, во повеќе градови низ Македонија се прошируваат болничките капацитети и се полнат модуларните болници.

Министерот Филипче денес од Прилеп истакна дека сите ковид центри во државата се во постојана координација, здравствениот систем секојдневно се менаџира, за пацинетите да ја добијат потребната здравствена услуга.

Модуларната болница  во Прилеп е еден од 19 -те објекти, кои се поставија во рекордно кратко време. За помалку од 3 месеци се направија во 16 општини, на 10.000 квадрати, направени се повеќе од 600 боолнички кревети со кои сега располага нашиот здравствен систем.

Истовремено, во Велес, каде ситуацијата со коронавирусот е и понатаму загрижувачка, целосно е исполнето Инфективното одделение, а пациенти веќе се сместуваат и во модуларниот дел.