Статистиката вели: Скопјани најмногу се разведуваат

Во земјава најмногу разводи имало во главниот град. 

Во првите три месеци годинава во Македонија имало помалку склучени бракови, но и помалку разводи. 

Бројот на склучените бракови во првото тримесечје од 2017 година е намален за 7% во споредба со истиот период од 2016 година и изнесува 2 566 бракови. 

Разведените бракови во ова тримесечје бележат намалување од 21.8% во споредба со истиот период од 2016 година и нивниот број изнесува 519.

Ова се податоци на Државниот завод за статистика. 

Најмногу разводи имало во Скопје 105, во Битола 31, во Прилеп 30, во Струга 23, во Тетово 26, во Струмица 17, Охрид 45, Радовиш 14, Куманово, Желино и Кочани по 13, Кавадарци 11, Крива Паланка 9, а помалите општини се со помал број на разводи или пак воопшто немало разводи во овој период. 

Разводи немало во Велес, Вевчани, Градско, Дојран, Демир Хисар, Демир Капија, Зелениково, Зрновци, Карбинци, Конче, Крушево и други општини.