Стартуваше пролетната дератизација, дезинсекција и дезинфекција во Ѓорче Петров

Во општина Ѓорче Петров започната е редовната пролетна дератизација, дезинсекција и дезинфекција на територијата на целата општина. 

Вкупно се третираат 2500 шахти, секоја со по два мамци за уништување на глодари.

Акцијата ги опфаќа и сите основни и подрачни училишта на територијата на општината, со цел уништување на инсекти и глодари и создавање почиста и побезбедна средина за учениците.

Територијален опфат: Дексион, Мирче Ацев, Ѓорче Петров, Хром, Даме Груев, Ново Село, Волково и Александрија – населба која од минатата година за првпат е вклучена во редовниот опфат на пролетната дератизација.

- Грижата за здравјето и безбедноста е наша трајна обврска, велат од локалната самоуправа.