Стартуваше големата пролетна акција во Бутел

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Бутел од денеска ја реализираат големата пролетна работна акција на територија на општина Бутел.

Екипите координирано од денеска па до 29. месецов ќе спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетените коловози, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици.

На следниве локации ќе бидат поставени пунктови за собирање на кабаст отпад:

 Скопје Север - кај Стокомак

 Бутел 2 - на платото кај џамијата

Помеѓу прв и втор влез во Радишани

Спроти црквата Св.Јован кај трансформаторот во Бутел 1

 Радишани кај поранешна Олимпија

Последна 57 Радишани

Визбегово веднаш до црквата

Во големата пролетна работна акција во општина Бутел на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Водовод и канализација и Улици и патишта.