Стартува со реализација на големиот проект „Партерно уредување на локалитетот “Крст“ во село Кучково

Во Ѓорче Петров стартува со реализација на големиот проект „Партерно уредување на локалитетот “Крст“ во с.Кучково! Оваа атрактивна туристичко-рекреативна локација конечно ќе добие современ изглед, а партерно ќе се уредува површина од 5.456 m2.

-Планирана е изградба на амфитеатар со вкупно радијално развиени 3 трибини кој ќе ги прими сите категории посетители од социолошки аспект и ќе обезбеди пријатен престој. Во план е изградба и на две платформи чие димензионирање е според активностите и потребите на посетителите и монтажни тоалети. При проектирањето на овој проект сериозно ќе се води сметка за постојната положба на високото зеленило за да се избегне негово уништување, а дополнително да се подобри просторот со ново зеленило, информираше градоначалникот на општината Александар Стојкоски. 

 Во оваа насока, хортикултурно ќе се уредува површина од 1.750м2. Ќе биде поставена и урбана опрема, односно корпи за отпадоци, паркинзи за велосипеди, дрвени клупи, брисолеи, како и пешачки и пристапни патеки кои водат до амфитеатарот и се дизајнирани со пристапни рампи за лицата со попреченост. Локацијата ќе биде и осветлена со поставување улични светилки-канделабри и подни ЛЕД светилки.

Вкупните средства претставуваат неповратни ГРАНТ средства за успешност од МСИП2-проектот на Светска Банка, кој е доделен како резултат на успешно реализиран заем од истата програма.

- Продолжуваме со реализација на ветените проекти! Граѓаните заслужуваат модерна и урбана општина, вели првиот човек на општината.