Стартува изградбата на водоводот од Патишка Река

По повеќе од шест години од првичниот обид, конечно ќе почне изградбата на долго најавуваниот водовод од Патишка Река, кој ќе ги снабдува со вода жителите од општина Сопиште и новата елитна населба Сончев Град. 


Работата за изградба на водоводниот систем и' е доверена на градежната фирма „Бауер БГ“. Според планираното, изградбата на водоводот треба да се реализира во наредниве 18 месеци. Проектот е вреден 2,2 милиони денари, а „Бауер БГ“ го доби како најповолен понудувач на тендерот во конкуренција од осум други.

Со изградбата на водоводот ќе бидат опфатени водите на Патишка Река кои ќе се насочат во цевковод со должина од 22 километри.