
Ѓорче Петров ќе добие нов спортиски комплекс на површина од 1.450 метри квадратни.
- Отпочнуваме со реализација на проектот што го ветивме - спортски центар на Полјана во Хром. Ќе има ново фудбалско игралиште со вештачка трева, целосно ново кошаркарско игралиште со гумирана подлога, фитнес-зона и ново детско катче - игралиште за најмалите, информираше денеска од терен градоначалникот Александар Стојкоски.
Со овој проект, Хром останува најурбаниот дел од нашата Општина – место кое ги обединува спортот, рекреацијата и семејното дружење, додава тој.