Старото кино прераснува во мултифункционален културен дом (фото)

Старото кино во Кисела Вода  долги години беше руиниран и нефункционален објект, тоа наскоро ќе прерасне во нов мултифункционален објект Дом на култура. Градежните работи се при крај и се очекува овој мултифункционален објект да биде пуштен во употреба на 29 јуни на денот на општината Кисела Вода.

Станува збор за значајна капитална инвестиција која се наоѓа во програмата на Владата и на Министерството за култура  и во кој заеднички се инвестирало и со општината Кисела Вода.

Овој објект ќе добие нова кино опрема, согласно проектот со Агенцијата за филм од каде се набавуваат кино проектори и платна и додаде дека овој објект ќе има функција и на кино сала каде што ќе се следи и македонската домашна и странска филмска продукција.

Во новиот објект ќе има простор наменет за изложби, библиотека, административни канцеларии, музичка просторија, просторија за озвучување на настаните, театарска сцена во должина 10 метри, ширина 8 метри  и 8 метри длабочина.

Досега за овој објект Министерството за култура издвоило околу 20 милиони денари.

Фото: Скопјеинфо