Староста не е болест – дали Домовите за стари лица се вистинско решение

Човекот полека старее во секој момент од својот живот, од раѓањето па се натака.  Стареењето како природен и неповратен физиолошки процес кој е присутен кај сите живи суштества поминува низ фаза на детство, младост и зрелост, за на крај да влезе во старост.

Според поделбата на Светската здравствена организација староста е поделена на рана ( од 65 до 74 години), средна ( од 75 до 84 години) и длабока ( од 85 години нагоре). Староста не е болест, иако многу ја поврзуваат со болест, бидејќи таа често ги прати. Но, сепак тоа не е правило, човек може и здраво да старее. Всушност, стареењето како процес, поминува низ неколку промени. Вистински се оние биолошките: промена во функциите на организмот, нивното успорување и опаѓање. Други се оние психолошки: начинот на кој човекот сам ја доживува староста и немањето на сила за одредени работи. Трети се социјалните: начинот на кој човекот реагира во друштво за стареење, односно начинот на кој се гледа во тоа друштво, а и на кој начин тие гледаат кон него.

Дали Домовите за стари лица се добро решение?

Во трка за работа и пари, родителите едвај имаат време за своите деца, а не пак да се грижат за своите стари родители. Многу од нив се решаваат своите возрасни родители да ги остават во Домови. Некои од нив, Домовите ги гледаат многу лошо, и сметаат дека нивните деца не ги сакаат, а за некои Домот е добро решение бидејќи таму ќе добиваат повеќе нега и внимание, бидејќи се свесни дека дома нема кој да ги гледа, секој си има своја обврска.

Баба Крстана е во Дом за стари лица четири години. Таа е задоволна од таму.

-Тука имам друштво. Имам со кој да си зборувам, да си пијам кафе. Имаме разни активности. Не ни е досадно. Јас живеев во село. Децата живеат во град во стан. Тие таму едвај имаат место за себе, а не пак за мене. Јас сакав да си дојдам во Домот. Тие редовно ме посетуваат. Ме земеаат кај нив на гости за викенд, раскажува таа.

Вработените во Домот велат дека старите лица кога ќе дојдат таму запаѓаат во депресијата. Сметаат дека нив никој не ги сака, па стручни лица мораат да работат. Велат дека кај поголемиот број и навистина е така, бидејќи со години никој не доаѓа да ги посети, но со чест на исклучоци, постојат и семејства кои се постојано со своите стари.