Старо-новиот градоначалник на Крушево и новите советници добија решенија

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски и новоизбраните советници денеска ги потпишаа решенија за новите функции. Христоски е старо-нов градоначалник и довербата на крушевчани ја доби во првиот круг од Локалните избори на 17 октомври.

Старо – новиот градоначалник им честиташе на новоизбраните советниви и им посака успешна работа без ограничувањата кои ги носат партиите.

-Ви честитам на сите и ви посакувам вашата работа да биде запаметена. Сега наш интерес е Крушево и сите сме од една партија. Со среќа, порача Христоски.

Се очекува наскоро да се одржи и конститутивната седница на Советот.

Во новиот состав на Советот на Крушево се шест советници од коалицијата предводена од СДСМ, четири од ВМРО-ДПМНЕ и еден советник од Алијанса за Албанците.