Старите традиционални македонски имиња се враќаат во мода

Старите имиња повторно се враќаат.

Веќе неколку години наназад се поголем  е бројот на родители кои  одлучиле на нивните деца да им дадат некое од традиционалните  имиња , наместо  како што беше тренд  извесен  период  да се даваат модерни и некарактеристични имиња  за ова поднебје.  

Давид, Матеј, Филип, Илија,  Александар, Марија, се само дел од имињата кои  во последно време се почесто се среќаваат  во книгите за крштевање.   

Некоја посебна причина зошто е тоа така не постои велат свештениците кои  го извршуваат чинот на крштевање, но сигурни се дека во голем дел свој удел во сето тоа има навраќањето на традицијата за пренесување на имињата од колено на колено.

-Воглавно се на оние би рекол најпознати светители и апостолските имиња претежно,  или на некој од пророците. Мое размислување е тоа што онаа традиција по која што се ставаат имињата на дедовците , па така тие ги носеле тие имиња кои што се сметаа едно време како застарени на некој начин, а  сега за да се обнови името на дедото се става како ново име кое што е исто така убаво и тренд, вели отец Григориј од струмичката епархија.

Отец Григориј од Струмичката епархија вели дека одлуката за тоа како ќе се вика  едно дете ја носат  родителите. Независно дали името ќе биде старо и традиционално, или пак некое модерно најважен е чинот на кршевање и понатамошниот  духовен живот на оној што се кршетва бидејќи без разлика на името пред Бога и во црквата сите се еднакви.