
Скопјанката Бубе Гурева реагираше за паниката која се крена изминативе денови во врска со можните свлечишта на Водно.
Во нејзината Фејсбук објава, таа вели старите луѓе, кога го дале името Водно, знаеле дека е се вода, а неговото подножје и среде лето на „пеколот“ било со вода.
„Водно тргнало накај центар. И сега, СЕГА, паника? Па ЦУК, па итни состаноци, па ги повикале и земјотресно и инженери и градежници и се по списку, па градоначалникот на центар "изваден од памет" апелира до владата да реагирала?! Правно, вакво, такво, зид да се градело потпорен. Кој и каков потпорен зид може да ги издржи глупостите и алчноста? На Водно масивни висококатници? Ало, ВОДНО се вика, тие "неписмените", старите што му го ставиле името знаеле дека е се вода низ Водно! Е сега паника, па Владата ( државата, а државата сме сите ние и неалчните и не лудаците) да помага! Каде бевте пред да давате дозволи градоначалници и остали, инвеститори, и купувачи пред да правите глупости да ги собирате и консултирате сите овие што сега сте ги собрале? На Водно можеше само приземни куќи и ќуќички, ретко! Во сред лето на пеколот подножјето на Водно е во вода!“, напиша Гурева.