„Старите кина“ - промоција на носталгичната книга на авторката Илинденка Петрушева

Младинскиот културен центар, заедно со фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и издавачката куќа „Слово“, ги покануваат сите љубители на пишаниот збор, на промоција на една носталгична книга насловена како „Старите кина“, од Илинденка Петрушева.

-На промоцијата, ќе говорат: Јасна Франговска, радиоводител и поранешен новинар, Борис Дамовски, режисер, Димитар Башевски, писател и издавач и авторот/филмолог Илинденка Петрушева. Модератор на промоцијата е Русе Арсов, продуцент и уредник на драмска програма во МКЦ. Во рамките на промоцијата, ќе се одржи и проекција на филм: „Кино ‘Мортус“, 2021 во режија на Ивана Цветаноска​ - информираат од МКЦ.

Настанот е закажан за 17-ти декември, со почеток во 19 часот.