Старите автобуси на ЈСП низ скопските булевари

Старите и дотраени автобуси кои што ги превезувале скопјани пред 20 па и повеќе години, повторно се на скопските улици.

Разочарувањето кај патниците на ЈСП „Скопје“ кога на нивната линија ќе се „појави“ стар, наместо некој од двокатните или нископодните автобуси кои што пред седум години беа набавени од Кина и од Украина, е секојдневна појава.

Граѓаните се жалат дека во нив нема греење, често пати се расипуваат и патувањето со нив им трае подолго од предвиденото. Од населбата Припор, тргнува автобусот со број 24, оние кои секојдневно се возат со оваа линија велат дека многу по често се возат со стари автобуси одколку со новите. Често се случува и во некои населби да доцнат автобусите, патниците од населбата Вардарска во Општина Аеродром, веќе три недели по ред мака мачат со автобускиот превоз.Имено, автобусот со број 27 што треба да ги превезе патниците од улицата Ѓорѓи Капчев до Дом на печат, речиси секој ден не доаѓа, иако токму во тој термин има најголема гужва и патници што чекаат.

Од претпријатието, објаснуваат дека, автобусите набавени од Украина, односно нископодните автобуси,  се во многу лоша состојба, со нив како што велат, едвај врзуваат крај со крај.

И од град Скопје потврдуваат дека проблемот со неквалиетните кинески автобуси е причината за враќање на старите автобуси, додека се набават нови 40 чија набавка е во тек.