Стари контејнери во Кисела Вода заменети со нови

По барање на Општина Кисела Вода, ЈП „Комунална хигиена“ на улиците: „Антон Попов“, „Народни херои“ и „Димо Хаџи Димов“, на местото на старите оштетени контејнери постави нови.

Покрај ова, како што сопштија од Општината, работниците на јавното претпријатие извршија целосно расчистување на одложените отпадоци надвор од контејнерите, а го измија и асфалтот/павер елементите под и околу истите.

– Општината во соработка со Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи да создава чиста и зелена околина., велат од општина Кисела Вода.

Локалната самоуправа, воедно, апелира до сите граѓани, отпадот да не го одложуваат на јавните површини, туку во поставените контејнери.